Таа ќе каже дека 50 тите се „чоколадни години“, а со истиот наслов ќе го отпочне и нејзиниот блог на кој секојдневно споделува фотографии и интересни објави поврзани со нејзиниот стил.

На 50 и нешто години, Биби Хорст изгледа и се чувсвтува подобро од кога и да е. Тајните за нејзиниот изглед ги споделува со нејзините обожаватели на блогот, но и големиот број следбеници кои секојдневно се воодушевуваат на објавите на профилот.

Таа работи како внатрешен дизајнер долги години, па воопшто не е чудно што има неверојатно изострено чувство за стил и одлични комбинации кои ужива да ги прави.

Студиите ги завршила во Фиренца, па ќе каже дека можеби оттаму го наследила одличниот стил, со оглед на тоа што секојдневно уживала во комбинациите на Италијанците.

Биби ќе каже дека стилот нема врска со трендовите, ниту со парите, туку единствено со вас и како вие ги носите парчињата.

„Стилот нема врска со можностите и тоа колку пари и облека имате и дали е таа скапа. Истиот единствено е поврзан со автентичноста, вкусот и креативноста на човекот“, вели Биби во описот за неа на нејзиниот блог.

Биби пишува дека стилот е нешто што таа секојдневно го учи, а никогаш нема проблем и да побара совет од нејзината ќерка и пријателките за некое парче.

Таа ќе каже дека стилот е она што ние ќе направиме од него, а ние не можеме да се согласиме повеќе!

Погледнете ги стилските комбинации на прекрасната Биби во галеријата.

Објавено:
23 јули 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.248 пати