Брижит Нилсен: Зошто одлучив да станам мајка после 50. година

28 јули 2018

Данската актерка, која се појави во четвртото продолжение на „Роки“, како и во филмовите „Црвената Соња“, „Егзодус“ и други, Брижит Нилсен во јуни годинава стана мајка во 55 година од животот. Оваа вест кај некои предизвика воодушевување, но според перцепцијата на Нилсен, уште повеќе критики. 

Речиси месец дена по раѓањето на малата Фрида, таа одлучи јавно да проговори за својата одлука. 

 „Некои жени ќе си помислат: „Леле, па стара сум за повторно да бидам мајка“, но всушност, колку од мажите ги добиваат своите први деца во доцните 50-ти, или на 60, 70 години и никогаш не чувствуваат сомнеж за одлуката?“, вели актерката и манекенка, а пренесува „Би-би-си“.

Тоа што секој си дал за право да коментира за нејзините одлуки, воопшто не ѝ паднало лесно.

„Имам комплетна почит кон туѓите мислења и кон тоа дека не на секој му се допаѓа мојата одлука, но се работи за мој живот и мојот сопруг и јас имаме солидна врска, а одлуката беше заедничка“, потенцира Брижит за „Пипл“.

фото извор: people.com

Инаку, Брижит, во 2006 година се омажи по петти пат и тоа за сега, 39-годишниот Матиа Деси. Јајце клетките почнала да ги замрзнува после 40-тата. Како вели во интервјуто, во тоа време се користеле сосема поинакви методи за замрзнување на јајце-клетките, па и процентот на неуспешни бремености бил значително поголем.

„Докторите ми даваа само 3 до 4 проценти шанса да останам бремена со мои јајце-клетки. Ги немав многу, но сепак беа доволно. Никогаш не мислев дека после 42-та година ќе се одлучам на бременост, но еве се случи. Кога ја дознав веста бев пресреќна, но на останатите им ја соопштивме дури по 26-тата недела. Јавноста пак, дозна две недели пред крајниот термин за породување“, објаснува Брижит.

Инаку, од досегашните четири брака, има четири деца. Од првиот брак со Каспер Виндинг го има синот Џулијан. Вториот брак го има со Силвестер Сталоне, но тој завршува по само 19 месеци и без деца. Второто дете, синот Килиан Маркус го добива со свршеникот Марк Гастино, а трет пат се одлучува да стапи во брак во 1990-тата со режисерот и фотограф, Себастија Копиленд. Од четвртиот брак со Раул Мејер има уште два сина - Даглас Арон и Раул Џуниор. 

Брижит со синовите, фото извор: zadhindnews.com;

Со сегашниот сопруг е во брак од 2006 година, а Фрида е нивната прва ќерка.

„Мојот сопруг и јас го посакувавме ова со години и сега конечно ја имам мојата мала принцеза. Да се биде мајка е најубавата работа на светот", ќе каже актерката.

Сепак, процесот на Ин-витро не бил воопшто едноставен, особено имајќи предвид дека се обидувале дури 14 години.

„Процесот беше мошне напорен, тежок и болен. Имаше тука многу разочарувања. Постојано чекаш телефонски повик и знаеш дека ќе ти кажат дека уште еден обид не успеал. Чекањето убива, особено бидејќи жените тешко се одлучуваат да зборуваат за тоа, па имаш чувство дека само ти поминуваш низ тоа, дека си единствена“.

фото извор: pinterest.com

Иако процентот на успешни бремености после 40-тата е во пораст, од медицински гледна точка, бременостите во доцните 30-ти, а секако и после тоа се изложени на ризик. Трудниците се изложени на поголем ризик од висок притисок, дијабет, висок холестерол и други генетски абнормалности.

Според одредени статистики и искуства, жените во 50-тите не би требало да имаат проблеми со доењето, но можат да имаат дополнителни предизвици со тоа што после раѓањето ќе влезат во менопауза. Позитивно е што повозрасните мајки се отворени за помош и отворено ја бараат, но од друга страна имаат помала помош отколку младите мајки.

фото извор: Instagram.com

„Никој не реагира и не првртува очи за тоа што Џорџ Клуни стана татко на 56 години. Но, жените од друга страна се обвинуваат дека се себични дека го пролонгирале мајчинството толку доцна, без разлика што се причините“, вели др. Зејнеп Грутин од „Lonton Womens Clinic“.

„Во мојот живот имав чудни мажи, но сега конечно го имам чувството на фамилијарност и семејство, какво што имаа моите родители. Среќата ви дава енергија“, вели Нилсен.

Објавено:
28 јули 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.728 пати