Челичната Магнолија: Адвокатката која ги разведе Чарлс и Дајана

5 август 2019

Во Британија е позната како „Челичната Магнолија“, а нејзиното вистинско име е Фиона Шеклтон. Денес има 63 години и се уште важи за една од најеминентните адвокатки во Британија. 

Но, она што ја прави исклучително интересна е што таа е адвокатка за, како велат тамошните медиуми, кралски разводи. Токму и поради успешноста во истите го добива прекарот.

Во својата работна биографија може да се пофали дека ги застапувала сер Пол Макартни, принцот Чарлс, принцот Ендрју, но и Петра Еклстон во парницата против Џемјс Стант.

Таа нуди загарантирана дискреција, поради што има и одлична репутација. Нејзиниот најпопуларен случај беше оној кога го застапуваше токму принцот Чарлс, во бракоразводната парница со принцизата Дајана.

На Чарлс му ја препорачал лордот Гудмен, исто така британски адвокат и политички советник. Тој бил импресиониран од тоа како таа ја водела бракоразводната постапка на принцот Ендрју и Сара Фергусон.

Инаку, разводот на Чарлс и Дајана е завршен на 28. август 1996 година. Лејди Ди добива 17 милиони фунти, како и надокнада од 400.000 фунти годишно. Во британските медиуми се пишува дека токму Фиона е виновна што и Дајана, токму како и Сара Фергусон, морала да се откаже од титулата „Нејзиното височество“.

Разводот на Пол Макартни од Хедел Милс не бил воопшто лесен. Ситуацијата била мошне затегната, а Хедер во моментот кога сфатила дека од сопругот нема да добие сè што ќе посака, односно дека од посакуваните 400 милиони фунти ќе добие само 24.3 милиони, Милс ѝ истурила вода врз глава на „Челичната Магнолија“.

Најновиот случај поради кој повторно е во центарот на вниманието и во 63.година е што избеганата принцеза Хаја ја ангажирала со цел да ја спаси од сопругот, шеикот Мохамед, владетелот во Дубаи.

Таа сака да го добие и старателството над децата, со кои избега од Обиденетите Арапски Емирати и го побара спасот во Лондон.

Тоа нема да биде ни малку лесна задача, бидејќи Фиона во судницата ќе се најде спроти Хелен Ворд, исто така позната по бракоразводните процеси. Ворд била задолжена да разводот на Гај Ричи, кога се разведуваше од Мадона.

Со оглед на високите суми што ги заработува, несомнено е дека се облекува во брендирани парчиња. „Луј Витон“ и „Барбери“ ѝ се едни од омилените брендови. Но, нејзиниот стил на моменти е навистина храбар и ексцентричен ако се земе предвид нејзината професија.

Костимчиња - да, но никако да не се досадни. Има цела палета на такви комбинации во живи бои или со принтови.

Мантили и чизми од пвц, мрежасти чорапи, храбри принтови се само дел од работите што таа ги носела и се уште ужива во нив.

Шапките се чест моден додаток, како и очилата за сонце и бисерните ѓердани.

 

фото извор: dailymail.co.uk; express.co.uk; pinterest.com; hellomagazine.com; 

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.105 пати