Дајан Китон е сериозна конкуренција на модните инфлуенсерки

7 февруари 2019

Шармантната актерка Дајан Китон секогаш важела за дама со префинет стил. Дури многу често и ликовите што ги толкува, се стилизирани со одмерена доза на елеганција и женственост.

Очигледно за неа хаштагот Outfit of the day, #OOTD, e супер повод да се забавува пред огледало и на својот профил на Инстаграм да објавува фотографии на кои изгледа неверојатно шик и инспиративно.

Ако го разгледате нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите неколку клучни детали што апсолутно важат за нејзина стилска препознатливост: шеширите, широките ремени околу струк и целосно црните комбинации...

Дајан знае како да ја ужива модата, а ние ја издвојуваме како позитивен пример што уште еднаш укажува на тоа дека возраста не е ограничувачки фактор кога е во прашање личната стилска перцепција.

 

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
666 пати