Дамски пролетен стајлинг на Меланија Трамп

19 април 2019

Американската претседателска двојка Трамп велигднеските празници ќе ги помине во резиденцијата Мар - а - Лаго, во Флорида.

Меланија и Доналд со семејството вчера ја напуштија Белата куќа, но она за што медиумите пишуваат денес е стајлингот на првата дама.

Таа се појави во уште една совршена дамска комбинација, со што претставува инспирација за сите жени што сакаат да го негуваат елегантниот стил.

Меланија за пригодата одбра тесен бел фустан до колена што ја истакнува нејзината фигура. Го комбинира со портокалови салонки од нејзиниот омилен дизајнер Лубутан.

Она што најмногу привлече внимание сепак е мантилот со цветен принт, што е едно од актуелните парчиња сезонава.

Се работи за креација на њујоршкиот дизајнер Адам Липес. Моделот веќе не е во продажба, а неговата цена изнесувала околу 2.200 долари.

 

Објавено:
19 април 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.920 пати