Деби Хари фраерка и на 74 години!

19 октомври 2019

Фраерлукот нема ништо заедничко со годините. Или го имаш или го немаш. Деби Хари (Blondie) дефинитивно го има.

Панк-рок иконата и на 74 години го носи за неа препознатливиот бунтовнички дух, а јавноста имаше можност уште еднаш да го посведочи тоа на неодамна одржаната промоција на нејзината автобиографија „Face it".

Во книгата таа пишува за нејзиното детство, за семејството, за излегувањето од анонимноста директно во светот на панкот и рокендролот. Содржината е надополнета со бројни фотографии што никогаш претходно не биле објавени, што е дополнителна провокација за нејзините фанови.

На промоцијата се појави во ултра урбано издание, што повторно асоцира на нејзиниот панк-рок имиџ од 80-те: предимензионирана розова јакна, патики и преознатливата „неуредна" плава коса.

Вака во осмата деценија изгледа икона на стилот која никогаш не направила компромис со тенденциите, строго држејќи до себе.

Фото: Daily Mail

Објавено:
19 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
492 пати
Тагови: 
Деби Хари Blondie