Енди Мекдауел секси и на прагот на седмата деценија

25 јуни 2018

Американската актерка Енди Мекдауел во април годинава наполни 60 години, а сексипилот и природниот изглед сè уште го красат и нејзиниот лик и тело.

Неодамна се појави во Берлин, на Raffaello Summer Day забавата, во црвена креација што ја следи линијата на телото, па го потврди веќе кажаното. Фустанот со светкави детали, го искомбинира со слични сандали и клач чанта. Модните критичари сметаат дека марамата во фуксија нијанса е вишок во целата комбинација, но имајќи го предвид севкупниот нејзин изглед, марамата е сосема во втор план.

Енди не е типична ѕвезда на Холивуд. Таа остана доследна на природниот изглед и кадравата долга коса. Во едно интервју ќе рече како славата не ѝ е приоритет, што и го покажува со нејзиниот стил на живот. Ретко ја гледаме во филмски или телевизиски остварувања. Веројатно најпрепознатлива е по рекламите на „Лореал“, чие заштитно лице беше долги години.

На прашањето, како го одржува младешкиот изглед, во едно интервју за „W Magazine“ ќе рече:

„Се обидувам да останам смирена. Работам на своите мисли и чувства, а со тоа и на изгледот, бидејќи сè е поврзано. Интересно е како нашите чувства влијаат на нашето лице, на неговите мускули. Се обидувам да бидам среќна. Исто така, верувам во моќта на храната. Јадам свеж зеленчук секој ден. Пред 30 години почнав да одгледувам моја пченива. Јадам само природна храна, избегнувам конзервирана. Јадам месо и пилешко, но никогаш со хормони! И рибата е дел од моето мени, како и сите мешунки. Ореви, бадеми, лешници се во голема мера. Ја изучував храната и знам како влијае на нашето тело“.

Покрај здравата исхрана, актерката планинари и практикува јога.

„Планинарењето е одлично, бидејќи не е само вежба. Пешачењето во природа го контролира нивото на кортизол. Јогата помага за еластичност и атлетска градба на телото и јас работам т.н. „advance yoga“, што го прави моето тело цврсто. Но, тоа не е единствената причина поради која ја практикувам. Исто така, ги балансира хормоните, го смирува нервниот систем, а воедно ја менува перспективата на животот во позитивен смер. Јогата го намалува стресот, а кога немате стрес, тогаш сте убави и тоа се рефлектира и на лицето. Да се пронајде убавината во време кога се глорифицира младоста, за зрелите жени може да биде прилично предизвикувачки. Но, немаме друг избор освен да сакаме да бидеме среќни. Времето е бесценето и не треба да го трошиме залудно. Постојат многу аспекти на зрелост кои се прекрасни. Не погледнувајте наназад, освен ако не сакаме да видите колку далеку сте стигнале“, советува актерката.

Инаку, таа има два брака зад себе, а мајка е на три деца (две ќерки и син).

„Разводот е ужасна работа. Не би го посакала ниту на најголемиот непријател. Цврсто верувам дека тоа е нешто кое никогаш во целост не успевате да го преболите. Разводот претставува многу важен дел од животот на многу жени, тоа го знам. Најчесто умеам да препознаам жена која поминува низ развод, затоа што изгледа мошне ранливо, уморно и тажно. Голема тага е тоа. Ужасно е. Како смрт. Во жалост се за личност која сè уште е жива“, сподели Мекдауел за „Вашингтон пост“ пред неколку години.

Очигледно дека начинот на живот ѝ одговара и помага со многу нешта успешно да се справи, а нејзиниот изглед е само резултат на севкупната нега. Во продолжение погледнете ги изданијата на Енди од годинава, кои ќе ви го потвдат тоа:

Hallmark Channel All-Star Party, jan.2018

Lambertz Monday Night , january 2018

Elton John AIDS charity Oscar Viewing Party, march 2018

Chopard party in Cannes, may 2018

Cannes 2017

Cannes 2017

 

фото извор: dailymail.co.uk; contactmusic.com; gotceleb.com;

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
574 пати