Феј Данавеј (77) е новото лице на „Гучи“

27 јули 2018

Легендарната актерка Феј Данавеј е новото заштитно лице на брендот „Гучи“. Во осмата деценија од животот таа сè уште изгледа одлично, па од куќата воопшто не се двоумеле при одлуката да ја повикаат за нивната најнова кампања.

Имено, се работи за кампања за чантата „Sylvie“. Зад камерата е Петра Колинс која се инспирирала од животот на богатите и славни во „Холивуд“, а Феј одлично ја доловила улогата на гламурозна дама која деновите ги поминува во лимузина, со приватен возач, во која единствена окупација ѝ е потпишувањето автограми, шопинг, пливање, тенис...

Во сите тие дејствија, Феј секако не се одвојува од споменатата чанта и останатите „Гучи“ парчиња.

Погледнете ја кампањата и одличната Феј:

 

Објавено:
27 јули 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
913 пати