ФОТО: 56 стилски изданија за 56-от роденден на Мишел Обама

17 јануари 2020

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, денеска полни 56 години.

И за време на нејзината формална функција, но и по завршувањето на претседателскиот мандат на нејзинот сопруг, Барак Обама, таа важи за една од најдобро облечените јавни личности.

Со својата изострена стилска перцепција, таа во историјата се запиша како една од најдобро облечените први дами на САД, секогаш оставајќи простор за нејзинот личен стилски идентитет дури и во протоколарана атмосфера.

Ја обожуваат и модните дизајнери, па не ретко има соработки и со најизвиканите дзајнерски имиња.
Елеганција, префинетост, ненаметлива женственост се карактеристиките што го сочинуваат нејзиниот имџ.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 јануари 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.626 пати