Фустанот на преклоп на Колинда Грабар Китаровиќ експресно распродаден!

4 октомври 2018

Откако се појави во Белата куќа на средба со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија, медиумите не престануваат да зборуваат за изгледот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

фото извор: twitter.com/KolindaGK/Official White House Photo by Andrea Hanks

Таа ја истакна новата фигура во тесен фустан на преклоп, со златна лента на рабовите, а реакциите беа и повеќе од позитивни. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Duchess (@duchess.womenswear) onSep 26, 2018 at 2:11pm PDT

 Доказ за тоа е и информацијата од хрватските медиуми дека фустанот е распродаден веднаш. Се работи за креација  „Катарина“ на хрватски бренд „Duchess“, која претходно ја носеле и други познати Хрватки, но претседателката очигледно немала проблем со тоа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Duchess (@duchess.womenswear) onSep 26, 2018 at 3:09pm PDT

Кога би сакале да ја имате, би морале да ја чекате од 16 до 33 дена, бидејќи интересот е огромен, а инаку цената ѝ е 185 евра.

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
847 пати
Извор: 
tportal.hr