Хелен Мирен (74) во кул издание на ревијата на Викторија Бекам

18 септември 2019

74-годишната холивудска актерка Хелен Мирен важи за една од најдобро стилизираните дами во филмската индустрија.

И во осмата деценија од животот таа посветува исклучително внимание на својот имиџ.

Па така и го привлече вниманието со нејзиното појавување на ревијата на Викторија Бекам, неодамна одржана во рамките на Лондонската модна недела.

За оваа прилика Хелен одбра женствен фустан со змиски принт, а половината ја нагласи со тенко розово ременче.

Изгледот е надополнет со кружни обетки, што и сезонава се моден хит.

Вистинска модна инспирација...

 

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.067 пати
Тагови: 
Хелен Мрен 40+