Хелена Кристенсен изгледа совршено во бикини и на 50 години

29 јуни 2018

Хелена Кристенсен беше една од најпопуларните манекенки во 90 – тите со совршено тело и уште поубаво лице кое и донесе безброј насловни страници и ангажмани.

Во 1991 година таа сними одличен едиторијал во кој носеше метален костим од Тиери Муглер, а дека и денеска изгледа подеднакво прекрасно докажа со тоа што повторно се сликаше во истиот костим и изгледаше дури и подобро од тогаш.

„Го носев истиот костим кога мојот драг пријател и ментор Херб Риц ме сликаше во 1991 година за еден магазин. И тогаш беше многу тешко да се влезе во него, но и денеска, ама јас сепак успеав“, напиша таа на шега под објавената фотографија на Инстаграм.

Оваа и неколку други фотографии на кои таа позира во бикини беа направени неодамна за потребите на едиторијал за магазинот In Style.

„Ви благодарам што ми го вративте ова фантастично парче. Многу сум возбудена што имам чест да бидам дел од ова издание на магазинот заедно со сите тие прекрасни жени“, изјави манекенката по повод сликањето.

Таа изгледа фантастично во сите стајлинзи специјално направени за едиторијалот, а на повеќето фотографии носи костими за капење од познатите светски модни куќи.

И денеска, на 50 години нејзините нозе по кои инаку е позната, изгледаат подеднакво совршено како и пред 30 години.

Дека жените се прекрасни и згодни на секоја возраст неодамна докажа и познатата актерка Брук Шилдс (53) која деновиве сними неколку реклами за познатиот бренд за костими за капење Swimsuits For All.

Фото: Instagram

Објавено:
29 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.022 пати