Имаат над 50 години и совршен стил за инспирација

14 октомври 2019

Париз се смета за модна лулка, па не чуди што жителките на овој град важат за најдобро облечени жени во светот. Како дами чиј стил е олицетворение на софистицираност, тие секогаш се инспирација.

Ние денес се осврнавме на стилот на седум познати Французинки - уредничките Карин Ројфелд и Емануела Алт, како и Карла Бруни, Кетрин Денев, Жулиет Бинош, Исабел Апер и Брижит Макрон.

Емануела Алт

Сите имаат над 50 годнии и совршен стил од кој може да се учи.

Што е заедничко за нивниот стил, а кој воедно е карактеристичен и за Французинките:

-Никогаш не претеруваат. Комбинациите се одмерени и со одличен крој. Комбинацијата на бои оди до три.

-Секогаш имаат едно впечатливо парче. Ако основата е црна, капутот е со принт или во боја. Или пак накитот е впечатлив.

-Имаат обувки на кои радо им се навраќаат и кои им се идеални за комбинирање на повеќе комбинации -  сандали со ремче,салонки се само едни од оние безвремени модели кои секоја жена треба да ги има.

Брижит Макрон

-Кошулата, посебно белата се задолжително парче во гардероберот на секоја Французинка. Тоа е одраз на софистицираност и лежерност исто времено.

-Добро дозиран сексапил. Понекогаш е тоа длабоко деколте, понекогаш се тантелни чорапи/хулахопки, понекогаш само црвен кармин, но никогаш не се преминува границата на добриот вкус.

-Оделата се нешто од што не се откажуваат. Тие им се совршена замена за вечерна тоалета.

-Шминката никогаш не е нападна. Се стремат кон природен изглед, а црвениот кармин е класика со која не може да се претера. Косата е секогаш уредна, но не претенциозно.

-Одличен парфем, кој ќе даде потпис на вашата личност и стил.

Погледнете сами и уверете се:

Емануела Алт

Брижит Макрон

Карин Ројтфелд

Карла Бруни

Карла Бруни

Исабел Апер

Исабел Апер

Кетрин Денев

Кетрин Денев

Жулиет Бинош

Жулиет Бинош

Карин Ројфелд

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.928 пати