Иман: Во свет полн со трендови, јас останувам верна на класиката!

3 април 2018

Во интервју за Harper's Bazaar, легендарниот 62-годишен супермодел и модна икона, Иман, зборува за своето 40 годишно искуство во модниот свет, за предизвиците со кои се соочила, за тајната на достоинственото стареење, но и за нејзиниот активизам за што поголема присутност на различностите во модната индустрија.

Разговорот започнува со најдобриот совет што некогаш го добила во својата кариера, а воедно е совет од нејзината мајка:

-Мојата мајка секогаш велеше: Научи да кажеш НЕ и да го избегнеш сето тоа што не ти е во прилог. „НЕ" е целосна реченица. Нема потреба да се објаснувате.

Разговорот продолжува во насока на нејзиниот личен стил и како тој се менувал со годините.

-Секогаш живеам според филозофијата која вели: во свет полн со трендови, јас сакам да останам верна на класиката. Вистинскиот стил е како врвна црно-бела фотографија. За неа не постои време...

А во однос на кроевите, ќе каже дека сака макси кроеви и панталони и покрај фактот дека важи за модел со совршени нозе. Инаку, посочува дека 80-те не и се омилена декада кога модата е во прашање и дека не ги преферира ретро трендовите од тоа време.

На прашањето: Дали постојат парчиња што ги носела на 22 години и истите можела да ги носи во нејзините 40-ти или сега на 62 години, Иман одговара:

-Сè уште можам да носам костум од Сен Лоран, а сите да мислат дека е нешто ново. Квалитетните чанти исто така имаат долг век на тарење.

Во однос на достоинственото стареење, Иман советува:

-Од филозофски аспект – не се опседнувам со тоа. Од физички аспект – грижете се за својата кожа.
Таа е позната и како активистка која се залага за што поголема различност во модниот свет.

-Нема да купам производ од дизајнер кој не ангажира црномурести модели. Треба да ги претпочитаме оние кои што ја почитуваат различноста.

Целото интервју може да го прочитате на Harper's Bazaar.

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
962 пати