Инспирација: Шерон Стоун во сведена црна комбинација

26 октомври 2018

Актерката Шерон Стоун неодамна присуствуваше на добротворна гала вечер во Њујорк, посветена на борба против сидата.

Со својот изглед повторно успеа да предизвика воодушевување. За пригодата, 60-годишната Стоун се одлучи за црна комбинација.

Коктел фустанот, со должина под колена и набори од страните има впечатливо деколте, но не и вулгарно. Шерон се одлучила да го потенцира овој дел од телото со масивен ѓердан. Обетките се во склад со ѓерданот, а чевлите се црни со транспарентни делови и точкаст принт.

Комбинацијата е заокружена со црна плик чанта, алка и масивен прстен.

За комплетниот впечаток придонесува и природната шминка како и лежерно исфенираната коса наназад. Со овој стајлинг, Шерон Стоун навистина треба да биде инспирација за сите дами во зрелите години.

 

фото извор: dailymail.co.uk; 

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
755 пати