Инспиративни комбинации од уличниот стил на 70-годишната Меј Маск

28 септември 2018

Како човек зрее (пред сè во ментална смисла), веројатно така е и поодлучен во својот став, бескомпромисно да го пласира својот индивидуализам меѓу другото и преку визуелниот имиџ.

70-годишната Меј Маск, со 50 години искуство како модел, често ја потенцираме како дама која во осмата деценија од својот живот, повеќе од било кога е посветена на својот стил.

Инспиративна е не само за модните дизајнери кои често ја ангажираат во свои проекти (последно се појави на ревијата на Долче и Габана за колекцијата пролет-лето 2019), туку исто толку мотивирачки влијае и на жени од различни генерации и со различни профили.

Нејзиниот уличен имиџ е олицетворение на нејзиниот темперамент, што ќе го препознаете во еклектичниот спој на различни стилови, што таа беспрекорно ги синхорнизира.

Овој пат направивме избор на нејзини впечатливи изданија, што веруваме дека ќе послужат како пример како треба да изгледа една дама со високоразвиено стилско чувство.

Објавено:
28 септември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
924 пати