Изабела Роселини советува како да ја одржите убавината и после 50 – тата

23 април 2018

Единствената Изабела Роселини е дефинитивно една од жените кои стареат навистина грациозно и од оние кои пленат со својата безвременска убавина.

Познатата актерка својата убавина ја наследила од нејзината мајка, легендарната шведска актерка Ингрид Бергман, која важеше за една од најубавите жени во светот.

Извор: Jetset.com

Откако на 43 годишна возраст Роселини доби отказ од модната империја Ланком со објаснување дека е престара, на 65, таа повторно се враќа во совршено издание.

„Секогаш користев креми за лице, дури и кога бев многу млада. Не можам да си го замислам животот без крема за лице, крема за подочници и оние со заштитен фактор кои никогаш не заборавам да ги нанесам. Драго ми е што конечно луѓето од козметичката индустрија почнаа да ја забележуваат важноста на жените над 50 години“, вели актерката.

Фото: Lancome.com

Таа ќе каже дека подеднакво важна е внатрешната убавина која ја одржува со здрава исхрана во која ужива.

Она што оваа прекрасна 65 годишна актерка и модел ќе каже дека е од исклучителна важност е позитивниот став и енергија, секогаш и секаде.

Фото: Latimes.com

„Јас имам таков карактер, весела сум по природа. Среќа е кога ќе се погледнеме во огледало и ќе кажеме дека сме благодарни за она што го имаме. Секако, како и секоја жена, понекогаш ќе го погледнам мојот врат со брчки, но се обидувам да не ги слушам злите внатрешни гласови, туку оние кои ми велат: Еј, твојот кармин денеска е многу добар“, низ смеа вели актерката.

Таа никогаш не подлегнала на големиот број понуди да направи пластична операција или да коригира нешто, бидејќи како што ќе каже, сака достојно да старее.

Фото: The Cut

„Ако некој сака тоа да го прави, јас немам ништо против. Како дете поради деформација на карлицата морав да одам на неколку болни операции, па самата помисла повторно да се вратам на тоа место ме плаши. Одлучив ништо да не му правам на лицето, имам фарма на која произведувам био храна, па самата помисла да одам на ботокс ми се чини луда“, вели таа.

Фото: WWD

Додава и дека кога директорката на козметичкиот гигант Ланком повторно ја побарала и сакала да соработуваат, многу се изненадила.

Фото: Lancome.com

„Бев многу изненадена, откако на 43 години ја прекинаа соработката со мене. Секако, се согласив да се видам со нив бидејќи сакав да знам што ќе ми понудат. Кога дојдов на состанокот, пристигна една прекрасна жена со мотор и кацига на главата под која имаше фантастична руса коса. Јас сум Франсоа, ми рече таа. Знаев дека со неа работите ќе се променат, бидејќи дотогаш разговарав само со 60 годишни мажи. Таа рече дека направиле грешка што ме отпуштиле и сака да ја исправи. Поради начинот на кој го претстави сето тоа, не размислував ниту секунда“, вели прекрасната актерка.

Фото: Vanity Fair

Извор: tportal.hr

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
765 пати