Камерон Дијаз и Дру Баримор - без шминка и без филтери

14 јули 2018

Неодамна во медиумите се појави веста дека ќе се снима ново продолжение на „Чарлиевите ангели“ со Кристен Стјуарт, Лупита Нјонго и Наоми Скот.

А „старите“ ангели на Чарли го привлекоа вниманието со последното селфи објавено на социјалните мрежи. 

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore) onJul 13, 2018 at 10:57am PDT

Имено, Дру Баримур објави фотографија со неа и Камерон Дијаз, каде ја истакнаа природната убавина. „Без шминка и без филтери“ посочи Баримур, по што следеа илјадници коментари за тоа дека изгледаат совршено. Фотографијата објавена пред 16 часа има речиси милион и половина лајкови.

И двете се во петтата деценија од животот, Дру има 43, а Камерон 46 години, а се како виното. И двете се поборнички за природен изглед на жената, па воопшто не им претставува проблем да прикажат како реално изгледаат, особено во светот на филтрите и идеализираната убавина.

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) onMar 30, 2016 at 9:17am PDT

 

Објавено:
14 јули 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.076 пати