Карла Бруни изгледа одлично во костим за капење и во шестата декада

30 јули 2019

Карла Бруни деновиве ужива на југот на Франција. После враќањето на музичката сцена и пензионирањето на Никола Саркози од политиката, поранешната прва дама на Франција одлучи да се одмори.

Светските медиуми објавија нејзини фотографии во костим за капење од кои се гледа дека 51-годишната музичарка и модел изгледа одлично.

Таа се одлучила за едноделен костим со корпи во предниот дел во темновиолетова, кралска нијанса. 

Широка кошула во истата боја е нејзиниот избор за наметка, а шеширот и црните очила за сонце се задолжителните модни додатоци за време на одмор.

Инаку, претходно за медиумите таа има изјавено дека за лицето користи детокс маски како масажа за лице, која му дава на лицето сјај и го ослободува од штетни материи.

Што и да прави, изгледа одлично, а со оглед на тоа дека нема потреба да се грижи и за килограмите, вели дека денот знае да го заврши и со пиво.

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.520 пати