Кожени панталони+маица - добитна комбинација за Џулија Робертс

9 август 2018

Џулија Роберт неодамна ги изненади сите, појавувајќи се на мјузиклот „Убава жена“ на Бродвеј, без било каква претходна најава.

Инаку, мјузиклот е направен во чест на продуцентот на филмот, Гери Маршал, кој почина во 2016 година.

 

Џулија на Бродвеј се појави во црни кожени панталони и окер маица со принт на ликовите од „Лаверна и Ширли“, култен ситком од 70-тите, чиј продуцент исто така беше Маршал.

Долгото црно сако со отворени ракави до лактите и црните сандали со ремчиња, како и плик-чантата во истата нијанса го надополнија нејзинит изглед.

Но, она што најмногу плени кај оваа 50-годишна актерка е природноста и секако широката насмевка, што и овој пат беше нејзиниот највпечатлив моден додаток.

 

Инаку, актерката ќе биде главниот лик и во новото рекламно видео на „Ланком“, кое ќе биде лансирано на 26-ти месецов. Со оглед на тоа дека од 2010 година е еден од нивните амбасадори, одлуката повторно да се најде во преден план воопшто не е изненадувачка.

Во исчекување на целото видео, за сега се познати само две фотографии, кои ви ги презентираме:

 

фото извор: people.com; dailymail.co.uk; instagram.com; 

Објавено:
9 август 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
467 пати