Веројатно не постои човек на планетава кој барем еднаш не уживал во фантастичниот глас на италијанската поп дива Лаура Паусини (44) која неодамна го објави својот нов албум „Fatti Sentire“.

Од следниот месец таа оди на светска турнеја на која ќе ги промовира новите песни, а прекрасната пејачка годинава прославува и 25 години кариера.

Во едно неодамнешно интервју, таа ќе каже дека преку овој албум сакала да испрати една порака до сите: Бидете силни!

„Сакам луѓето да знаат колку е важно да се посветат на себеси, да не се плашат силно да кажат кои се и да се изразат на било каков начин. Албумот носи наслов „Fatti Sentire“, што значи „да те слушнам“, „да те почувствувам“. Начинот на кој ме допира, но не во сензуална смисла, туку нешто многу подлабоко, допир до мојата душа“, го објаснува пејачката значењето на последниот албум.

Таа ќе каже дека се открива себеси секој ден, особено од денот кога конечно станала мајка.

„Мислев дека мојата судбина и цел беше да станам мајка и дека тоа ќе биде тоа, тука ќе застанам. Но, не е така. Животот продолжува и ти како личност мора постојано да се откриваш, еден ден ќе бидеш силна, друг ден слаба. Се сеќавам кога ја добив мојата ќерка пред пет години, сè беше неверојатно и едноставно не сакав да пеам тажни песни. Сега е малку поинаку. Секако дека сум пресреќна што сум мајка и ја божавам мојата ќерка, но истовремено чувствувам страв бидејќи некогаш не знам да напишам песна или да продолжам да го живеам животот. Мојата работа е мојот живот. Имам и момче со кое сум 12 години и се чувствувам толку благословено. Го сакам многу и не сакам тоа никогаш да се смени. Понекогаш се плашам и не сакам тоа да се промени. Токму таа меланхолија резултираше со овој албум. Мора да збрувате гласно и да се соочите со сите ваши мисли“, вели пејачката во интервјуто.

Паусини ќе додаде дека овој албум е поинаков поради тоа што на него сместила песни преку кои раскажала туѓи приказни.

„Постојано читам мејлови и писма кои ми ги испраќаат обожавателите и ги контактирам оние луѓе чии приказни допираат до мене. На овој начин го напишав и последниот албум, инспирирана од луѓето кои ми пишуваат“, ќе додаде таа.

Таа е позната по тоа што сака да пишува и пее на разни јазици, а шпанскиот и италијанскиот се дефинитивно нејзините омилени.

„Понекогаш, ќе почнам да пишувам песна на италијански јазик, па ќе барам соодветни шпански зборови и ќе сфатам дека така е подобра, па ќе ја направам на шпански. Предноста на мојата работа е тоа што можам да патувам и да учам разни јазици преку кои можам да се изразам. Се чувствувам прекрасно кога луѓето каде настапувам ме разбираат што пејам, бидејќи пејам на нивни јазик.

Таа важи и за модна икона во Италија и Шпанија, каде жените ги обожуваат нејзините елегантни комбинации во кои секогаш додава нешто свое кое ја прави уште пошармантна.

Со оглед на тоа што е родена во Италија, природно е да е вљубеник во модата, а учеството во шоуто „La Voz“, уште повеќе го истакна нејзиното одлично чувство за стилски комбинации.

Во галеријата погледнете некои од нејзините највпечатливи комбинации и дознајте зошто толку ја обожуваме единствената Лаура Паусини.

Извор: Billboard.com

Фото: Vogue, Billboard, Hola Magazine, Pinterest

Објавено:
28 мај 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
575 пати