Лејди Гага има неверојатно стилска мајка

11 јуни 2018

Ако досега на фотографиите со Лејди Гага сте виделе една прекрасна русокоса дама, тогаш сте ја виделе нејзината мајка, шармантната 63 - годишна Стефани Џерманота.

Сосема нормално, таа ја подржува нејзината ќерка од самиот почеток на кариерата, а секаде каде што ја следи можеме да ја видиме во неверојатни стајлинзи.

Таа е ко – основач на фондацијата на пејачката „Born This Way“, која се занимава со решавање на проблемите помеѓу децата и родителите кога станува збор за менталното здравје.

Џерманота ќе каже дека отсекогаш знаела дека нејзината ќерка е ултра талентирана, но признава дека не очекувала дека ќе стигне до неколку Греми награди.

„Таа научи сама да свири пијано уште кога беше многу мала. Еден ден ја прашав дали сака да оди на часови, на што таа ми одговори збунето дека ја свири музиката што ја слуша во нејзината глава. Не и беше јасно зошто би требало да оди на часови. Тоа беше моментот кога сфатив дека има нешто поинакво кај неа, но не знаев кон што ќе ја одведе“, вели мајката на Лејди Гага.

Покрај тоа што најголемо внимание и посветува на нејзината ќерка и организацијата, таа секогаш наоѓа време да одбере стилски комбинации и да изгледа елегантно.

Од она што можеме да го забележиме таа има сосема смирен стил, за разлика од нејзината ќерка, соодветен на фигурата и годините, а најчесто можеме да ја видиме во црно – бели комбинации, иако понекогаш знае да изгледа прекрасно и во розово и црвено.

За одличните фигури со кои можат да се пофалат и двете, Синтија ќе каже дека е заслужна нејзината мајка, 90 годишната Рони која и денеска сè уште оди во фитнес центар.

„Таа е прекрасна, единствената на која и се обраќам за совет секогаш кога ќе ми треба. Мајка ми ме научи дека секогаш треба да ги препознаете талентите на вашите деца и да ги охрабрувате во секој дел од патот, не само кога ќе успеат. Таа ме научи како да бидам силна и како да се справам со сите предизвици, да се борам секогаш кога морам“, изјави мајката на Лејди Гага.

Последно на што пејачката работи, а нејзината мајка ја подржува е римејкот на филмот на Барбра Стрејсенд од 1976 – та „Born This Way“, каде како продуцент и актер се јавува познатиот холивудски актер Бредли Купер.

Пејачката одвои време од промо турнејата на филмот да се појави заедно со нејзината мајка на еден хуманитарен настан за деца во Лос Анџелес, каде и двете изгледаа подеднакво прекрасно.

Во галеријата погледнете некои од највпечатливите стајлинзи на прекрасната Синтија Џерманота.

Извор: Daily Mail, Refinery 29, InStyle

Фото: Daily Mail, Pinterest, Google, 

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
539 пати