Маестралната Мерил Стрип денеска полни 69 години!

22 јуни 2018

Холивудската дива со рекорден број номинации за Оскар (дури 21) и три освоени, маестралната Мерил Стрип, денеска полни 69 години.

По тој повод ние направивме ретроспектива на нејзиниот стил, од нејзините први појавувања на филмското платно до денес.

Она што ја обележува како актерка е фантастичната трансформација во секоја нејзина улога, а истата карактеристика може да ја препишеме и на нејзиниот стил.

Елеганцијата и секогаш сигурниот став се есенцијата на нејзиниот имиџ, што го прават безвременски.

На црвениот килим често може да ја видиме во елегантни макси тоалети со деколте и отворени рамена, но не ја исклучува и можноста во различни прилики да облече дводелен костум во комбинација со високи потпетици, што важи за една од нејзините омилени комбинации.

 

 

Објавено:
22 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
575 пати