Марко Консоли - Италијанецот кој стана модел на 53-годишна возраст

4 февруари 2019

Слоевитоста и различноста на секое ниво, се предизвик на кој модната индустрија особено се фокусираше последниве неколку години.

Па така сега „plus size" моделите се подеднакво актуелни како и стандардните, кај манекените секогаш автентичен знак на препознатливост се смета за предност, а возрасна граница за модели речиси и да не постои. Напротив, се поактуелни во модниот свет се повозрасните модели, оние во средовечната или третото доба од својот живот.

Неодамна, таков симпатичен пример имавме и на Балканот, со 82-годишниот пензионер Тони Селмани, кој по неговата популарна изјава повторно беше ангажиран како модел за брендот „Вартекст" за кој снимал реклами и во својата младост. Ајрис Апфел пак во 97-та година од животот официјално стана модел, а важи за една од омилените светски модели во третото доба.

Уште еден таков пример на кого денеска му посветуваме внимание, е шармантниот Италијанец Марко Консоли, кој стана модел на 53 годишна возраст.

Марко 30 години од својот живот професионално се посветил на финансискиот менаџмент, за сосема случајно еден ден, во 53-та година од својот живот да влезе во светот на модната индустрија. Како што пренесува порталот cdm.me, тој бил откриен на улиците во Белград каде му пришле фотографи кои му понудиле соработка. Од тогаш неговиот животен тек се менува.

„Првата фотосесија ја направив во Белград, по што моите фотографии за многу брзо време вирално се проширија низ цел свет. Сфатив дека моето лице е доста функционално, па решив да останам во овој свет. За 18 месеци направив повеќе од 130 фотосесии", вели Марко.

Една голема предност што влетал во оваа авантура, како што вели и самиот, е тоа што се ослободил од канцелариското секојдневие и сега постојано е на различни патувања што му носат незаборавни искуства.

 

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
767 пати