Мери Џеј Блајџ е стилска кралица на 48 години

24 јуни 2019

Таа е вистинска легенда во музичката индустрија и една од најпочитуваните музичарки што било кога се појавиле на сцената.

Токму поради овие работи, Мери Џеј Блајџ вчеравечер ја доби наградата за животно достигнување на годинешните BET Awards што традиционално се одржуваат во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес.

Признанието на сцената ѝ го додели Ријана која изгледаше супер шик во целосно кожена комбинација, а за музичката икона имаше само пофални зборови.

Таа ѝ се заблагодари на Мери што отсекогаш била инспирација за сите и што ги отворила вратите во шоу бизнисот за сите жени музичарки.

Блескавата кариера на пејачката започна во 1989 – тата година кога потпиша договор со продукциската куќа Uptown records како најмладата и прва жена пејачка под нивна закрила.

Оттогаш, сними безброј албуми, а имаше соработки со некои од најпознатите светски музичари и продаде повеќе од 80 милиони копии ширум светот.

Како и секогаш, таа и вчеравечер докажа дека има беспрекорен стил и дека изгледа подобро од кога и да е на 48 годишна возраст.

На сцената се појави во луксузна црно – сребрена креација со длабок шлиц, за подоцна да се пресоблече во уште неколку стајлинзи за да изведе некои од нејзините најголеми хитови.

Подеднакво впечатлива беше нејзината фризура што ѝ прилегаше одлично и дефинитивно беше најзабележителна од целиот стајлинг.

Погледнете како изгледаше одличниот перформанс на кралицата на соул музиката Мери Џеј Блајџ на BET Awards.

 

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
24 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
403 пати