Мишел Обама префинета и шик во Диор за насловната на Ел

13 ноември 2018

Поранешната прва дама на САД и по завршувањето на нејзината формална функција во Белата куќа, остана атрактивна за медиумите и за светската јавност, благодарение на нејзината харизма, одмереност, темперамент, непосредност, но и шик имиџ.

Периодов таа е актуелна со промоцијата на нејзината книга „Becoming", па често може да ја видиме по медимите каде меѓу другото зборува за содржината низ страниците кои имаат за цел да ги инспирираат читателите раскажувајќи им ја интимната приказна за една млада девојка од Чикаго која созреала во моќна жена која ги мотивира другите.

Едно од највпечатливите медиумски појавувања на Мишел периодов е она за новото издание на магазинот Ел, каде интервјуто со Опра е надополнето со фантастична фотосесија во која Мишел ги има и едни од најдобрите стилски изданија.

За насловната страница, која буквално ве хипнотизира и ви го задржува погледот, Мишел е облечена во Диор, истовремено пренесувајќи чувство на моќен и шик изглед.

Во разговорот со Опра, Мишел зборува и за нејзиниот однос кон самата себе, укажувајќи на тоа дека нејзината автентичност и допадливост е во тоа што пред сè се сака себе си и ја сака својата приказна со сите нејзини недостатоци.

Целото интервју може да го прочитате на овој линк.

Фото: Ел

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.095 пати