Мода 40+: Храбри и инспиративни летни изданија на 54-годишната блогерка Грејс Ганем

27 јули 2019

Секогаш атрактивна со своите невообичаени, но ултра забавни модни комбинации, 54-годишната модна блогерка Грејс Ганем е вистински пример како жената може да ужива во модата и трендовите во секоја доба од животот.

Несомнено е дека таа има прецизно изграден имиџ во кој храбриот пристап кон боите и кроевите е најавтентичната нота, но истовремено Грејс секогаш наоѓа својствен начин како да ги искористи актуелните тенденции за освежување на сопствениот стил.

Па така и во нејзините нови постови на Инстаграм со летни комбинации, ќе наидете на совршено решени аутфити во кои од една страна ќе ја препознаете нејзината потреба за експериментирање, а од друга страна тенденциите кои се во зенитот оваа сезона.

Боите се задолжителни! Следете го нејзиниот пример и отстапете од комфорната зона. Средовечната доба е идеална, кога веќе во секој аспект личноста е изградена, наместо да ѝ се додворувате на околината, да си угодите себеси и да го носите она што ја комплетира вашата личност и ве прави среќни.

Објавено:
27 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.151 пати