Модни блогерки 40+ - инспиративни аутфити за секој ден

23 август 2018

Неслучајно се поатрактивни на социјалните мрежи се стилските блогови на модните блогерки 40+. Дами со изграден став и личен стилски идентитет, секојдневно нè инспирираат со изборот на автентични комбинации што го рефлектираат нивниот карактер. Ослободени од бариерите по секоја цена да се следат тенденциите, овие блогерки се лојални на своето стилско чувство, имплементирајќи од актуелните трендови само она што е во хармонија со нивниот индивидуален имиџ.

Дури и кога е во прашање секојдневната облека, тие успеваат да ѝ дадат доза на несекојдневност или во најмала рака личен печат. Токму затоа се почесто на Инстаграм или Пинтерест, ќе наидете на инспиративен секојдневен или деловен стајлинг на средовечни дами.

 

Направивме селекција на неколку впечатливи комбинации 40+, за кои сме сигурни дека ќе ве инспирираат во вашиот избор на аутфити за претстојниот период.

 

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.162 пати