Наоми Кембел (47) совршено носи црно-бел минимализам

11 мај 2018

Топ моделот Наоми Кембел го привлече вниманието на јавноста, кога се појави како гостинка на изложбата во Лондон посветена на нејзиниот долгогодишен пријател, дизајнерот Азедин Алаја кој почина во ноември минатата година.

Наоми (47), која инаку беше една од музите на дизајнерот, за оваа прилика одбра минималистичка црно-бела комбинација која и прилега совршено, а критичарите ја оценија како полн погодок.

Фокусот во аутфитот е на едноставниот миди фустан во бела варијанта, во крој што ја нагласува нејзината совршена фигура, а струкот е нагласен со тенко ременче.

Но, стајлингот не би бил комплетен без впечатливите високи потпетици со принт во црно-бела комбинација.
Изгледот е заокружен со суптилен накит и црн чокер околу вратот.

Фото извор: Daily Mail, WireImage

 

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
745 пати