Наоми Вотс и Брук Шилдс фантастични во црно-бели комбинации

12 април 2019

Магазинот „Холивуд Репортер“ вчера одржа забава „Највлијателните луѓе во медиумите“, а меѓу гостите беа и двете актерки Наоми Вотс (50) и Брук Шилдс (53).

Вниманието го привлекоа со своите стајлинзи. Имено, и двете се одлучија за проверената црно-бела комбинација.

Брук носеше коктел фустан без ракави, со комбинација на црни и бели парчиња. Кројот на фустанот совршено ја истакнува нејзината фигура, а впечатокот беше уште посилен благодарение на фризурата, шминката и модните додатоци. Шилдс се појави со залижано опавче, кое изгледаше софистицирано и секси, а црвениот кармин дополнително го нагласи нејзиниот сексапил.

Црниот клач и салонките го заокружија изгледот на вистински начин.

Од друга страна, Наоми Вотс имаше интересна комбинација која совршено знае да ја носи. Нејзиниот избор беа црни широки панталони со бели ленти од страните. Ги усогласи со романтична бела блуза со тантела и со нагласени раменици. 

Клачот е бел, а чевлите се бордо, со што ја направи комбинацијата динамична.

Нивниот изглед е совршена инспирација доколку ве очекува некоја свечаност, не знаете што да облечете, а притоа не сакате да експериментирате.

Објавено:
12 април 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
717 пати