Насмевки и нови пријателства меѓу членките на Sweet40+ на отворениот ден во „Елена Лука“

26 јануари 2019

Во ателјето на модниот бренд Елена Лука во Скопје денеска се одржуваше отворен ден, каде присутните дами, а членки на страната Sweet40+, имаа можност да го запознаат тимот на Елена Лука. Сето ова се одвиваше на иницијатива на генералниот менаџер и сопственик на модната куќа, Елена Пандева, а дамите можеа да слушнат како се создаваше и градеше модната приказна на брендот кој повеќе од една деценија е водечки на македонската модна сцена, а се дискутираше и околу тоа како се создава една совршена креација, како дизајнерите замислата ја прават реалност и што значи да се биде единствен во модниот свет.

Оваа средба, исполнета со многу насмевки и позитивна женска енергија, беше одличен начин за повторно членките на групата која секојдневно се зголемува, да се запознаат меѓу себе и да поразговараат на темите што сите ги интересираат.

-На мое големо задоволство, денеска беше реализирана уште една средба на дел од дамите, членки на социјалната платформа Sweet 40+, во рамките на отворениот ден на кој се дискутираше на теми поврзани со модниот идентитет на жената, животниот стил, а имаа можност да се запознаат и со целиот концепт на модниот бренд Елена Лука. Исто така, на оваа средба дамите беа информирани за уште еден новитет поврзан со нашата фан страна Sweet 40+, а тоа е дека во склоп на истата ќе започне да функционира затворена група во која членките ќе имаат можност да добиваат стручни совети од лица-професионалци во различни области. Па, би сакала да ги поканам нашите членки, да се придружат на оваа група каде ќе може да продискутираат на различни теми и да постават прашања од различни области, за што ќе имаат прилика да добијат одговор од стручни лица од соодветната област. Ваквите убави дружби веќе ни станаа традиција, се родија нови пријателства, па дури и бизнис релации, жените покрај тоа што меѓусебно остваруваат контакти и комуницираат, се мотивираат една со друга или споделуваат различни искуства, па затоа посакувам да се гледаме што почесто и во иднина - изјави Пандева.

Задоволството не го криеја ни дамите, кои признаа дека овој концепт на дружење и запознавање, посебно им се допаѓа:

-Идејата е одлична и многу сум благодарна што имам можност да учествувам на средбата. Ми се допаѓа и целиот концепт и начинот на кој што функционира страната Sweet40+ каде што всушност и беше поттикната оваа идеја за средба меѓу жените. Сакаме да се дружиме, да разговараме за мода, сакам и кога се критикува секако со добронамерна цел, затоа што нормално е да се прават грешки и добро е да се посочи кога е така. Затоа и сакам да упатам голема благодарност и до целиот тим, посебно до Елена за оваа прекрасна можност да комуницираме меѓусебе, жени со различни профили и професии. Многу ми е драго што сум имала можност и професионално да сорботувам со Елена Лука уште пред неколку години, кога носев нивни парчиња во една телевизиска емисија, а сега еве повторно сме во комуникација - вели Наташа.

И Вера не крие дека дружењето навистина и е пријатно:

-Ја следам страната Sweet40+ и многу ми се допаѓа. Направена е на едно светско ниво на презентација, меѓу другото и на Елена Лука како бренд. Ми се допаѓа и споредбата со тоа што се случува во светот, особен на модната сцена. Тоа ме импресонира. Со оглед на тоа што подолго време е во модната индустрија, секогаш со задоволство ја следиме Елена Лука, ја сакаме и ја обожуваме како модна куќа. Настанот е прекрасно организиран, без некаква претенциозност, туку како една убава дружба, во една прекрасна атмосфера во ателјето на Елена Лука.

Валентина за првпат одблиску се среќава со креациите на „Елена Лука“ иако нејзината работа ја следи од самите почетоци.

-Навистина ми се допаѓаат креациите, соодветствуваат со мојот стил, па ова е одлична шанса конечно одблиску да се запознаам и да имам и некое парче во мојот гардеробер. Секогаш велиме дека странското е подобро, а всушност ние го имаме, но не го експонираме доволно. Дефинитвно страната Sweet40+, многу ми се допаѓа, не само поради фактот дека и јас сум во таа возраст. Кога сте во овие години, а се чувствувате многу убаво, па дури и помладо, сепак поради трендот што доаѓа од странство сфаќате дека се случува нè „изземат" бидејќи сме родиле, сме возрасни жени. А зошто да е така, ние ја следиме модата, зошто да не сме дел и од ревии и од активно презентирање на модата, бидејќи ние на оваа возраст облеката умееме поинаку да ја носиме. Моја пријателка ми ја препорача странава и навистина ја следам активно. Прифатена е и не само за жени над 40, туку и под. Еднаш прочитав коментар : „Едвај чекам да наполнам 40", кој многу ми се допадна. Ви благодарам.

За првпат во салонот беше и Кристина, која не криеше дека модата отсекогаш е нешто што ја привлекувало:

-Првпат сум во салонот на Елена Лука, супер впечаток, отсекогаш сум сакала да ја запознаам. Модата отсекогаш ме влечела, но патот ме одведе да бидам професионален пливач. Сепак, љубовта кон модата остана. Креациите на брендот исклучително ми се допаѓаат, специфични се и сосема одговараат на мојот карактер. Јас сакам нешто што отскокнува, а не што ќе се вклопува со толпата. Ми се допаѓаат креациите што Лила ги носи, а и изгледот на Марија, претставничката на „Јуниор Евровизијата", беше совршен, беше како принцеза. Групата ми го разубавува денот и со нетрпение очекувам што следно ќе се објави.

Своите впечатоци со нас ги сподели и Лоле:

-Сум го посетила салонот досега повеќе пати, сум посведочила на задоволни клиенти, познавам невести кои од тука земале венчаници. И ова дружење навистина го поддржувам. Како жена навистнина многу ми значи .Можеби ќе развие и нови пријателства, што би ми било драго.. Бев и добитник на награда еднаш, за промена на стајлинг. Имав прилика да се дружам и тогаш. Ми се допаѓа што се следи буквално сè, од мода, преку музика, до светски случувања. Но, посебно ми се допаѓа енергијата во групата, која навистина те тера да ја следиш постојано.

На средбата поразговаравме и со Зорица, која специјално за оваа пригода допатува од Штип:

-Восхитена сум што сум денеска овде. Елена ја имаа таа големина да покаже дека не е недостижна. Со самиот факт што организира вакви средби и што она што го работи сака да го сподели со народот, многу кажува за неа како личност. Креациите посебно ми се допаѓаат, бидејќи се универзални. Се гледа дека е инспирирана од жената, секоја од нас е различна, но секоја може да пронајде нешто за себе. Групата Sweet40+ многу ми се допаѓа, има име кое е кратко, но значи многу, ако знаете да го протолкувате. Инаку, сакам да потенцирам дека 40+ годините се најубави навистина. Јас имам 49, се сметам за млада и го негувам таквиот дух и ми се допаѓа што денеска имаме можност да се запознаеме меѓу себе - потенцира Зорица.

Меѓу присутните беше Снежана, која по втор пат присуствува на организирана дружба од ваков тип.

-Моите впечатоци од претходната дружба се прекрасни. Си поминавме преубав саботен ден, имавме едно дамско дружење, на различни теми и од убавина, мода и е причина зошто сум ја следела Sweet40+ и е мотив да се следи и понатаму со уште поголемо внимание. Дружбата остана и со членките и од тој момент натаму.

Во однос на новитетите кои ги најави Елена Пандева, а со кои подразбираат теми и прашања пласирани до стручни лица, дамите имаат само пофални зборови.

-Секогаш сум за соработка. Групата од една страна е мотив за жените да се соберат, но тука сме и да си помагаме -посочува Снежана.

На тоа се надоврза и Кристина, која смета дека идејата за таква затворена група но за важни прашања ќе биде од помош за сите членки, односно жени.

Лоле верува дека ваквиот начин на пристап до информации ќе ја олесни комуникацијата.

-Одлична идеја, ми се допаѓа, бидејќи секој има некое прашање што можеби е табу, а сака да праша. Оттука мислам дека жените би се отвориле и би можеле да се обратат на вистинското место и да го добијат вистинскиот одговор.

-Браво за идејата, тоа е многу добро, бидејќи контактот ќе биде директен. Сметам на тој начин многу информации ќе бидат достапни, ќе бидат упатени на вистинско место, ќе заштедат време и ќе бидат од корист за сите жени -  смета Виолета.

-Секогаш е добро да се дискутира на различни теми, а особено кога имате можност да добиете стручен совет од професионално лице, па секако ја поздравувам идејата да се стартува со една таква група каде ќе може да добиваме сугестии и одговори од различни области - ни изјави Наташа, а нејзиното мислење го дели и Вера:

-Одлично е што ќе може да се дискутира за широки области и за различни теми. Може да се отвораат прашања на актуелни теми што не мора да бидат поврзани со мода, па лица стручни од соодветната област да одговараат или да даваат насоки. Ја поддржувам и се радувам за иницијативата.

На крајот, сите се согласија дека ваквите дружења треба да продолжат и дека овие жени со својот дух, изглед и енергија можат навистина да ги поместуваат границите и да покажат дека „Годните се само бројка“ е точна мисла, бидејќи на нивната енергија можат да им позавидат и многу помлади.

Ако судиме по насмевките на сите присутни, овој снежен саботен ден, беше и повеќе од пријатен за нив, ден кога се создадоа нови пријателства.

Објавено:
26 јануари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.037 пати