Никол Кидман: Животот не нуди само една шанса...

6 септември 2018

Етаблираната актерка и една од најмоќните жени во Холивуд, Никол Кидман, во интервју за онлајн магазинот buro247 проговори за суштински теми што опфаќаат сериозни прашања од различни сфери на животот, што не се нужно поврзани за нејзината професија.

Издвојуваме сегменти од разговорот со клучни поенти.

За годините и минливоста на времето...
Навистина внимавам на времето. Имам две мали ќерки на кои постојано им требам. Затоа се трудам да поминувам што повеќе време со нив. За среќа, имам прекрасен сопруг, кој истовремено е и прекрасен татко на моите девојчиња. Колку сум постара, толку повеќе сфаќам колку времето е драгоцено, и дека постојано немам доволно време, но имам уште многу работи и цели што сакам да ги остварам.


За новите почетоци...
Мојата сестра дипломираше право на 48 години. Роди и израсна шест деца и потоа рече дека сака да направи нешто за себе. Следеше онлајн настава и сега се занимава со социјално право. Таа е мојата инспирација. Денес, кога ќе влезеш во 40-те или 50-те години во својот живот, тука животот не застанува – секогаш постои нова можност да се промени се од темел и да израснеш во нова личност. Да ја создадеш новата ТИ. Во животот немаш само една шанса, напротив, има многу шанси! И никогаш не е предоцна да ја промените насоката во која се движите, ако почуствувате дека треба да го направите тоа.


За кариерата...
Бев навистина успешна актерка. Па родив, се песелив во Нешвил, почнав да одбивам улоги за да не ги оставам децата. Создадов семејство полно со љубов. Па одлучив да се вратам на професионалниот живот. Но, никој не ми нудеше сериозни, „длабоки" улоги. Затоа одлучив да отворам своја продукциска куќа и сама да си ги создавам приликите.


За најтешката улога во кариерата...
Сум играла во многу тешки, силни емотивни филмови – и секогаш такви и сум барала. Сакам да ги откривам своите сопствени можности и граници, мислам дека тоа помага во личниот развој, не само во однос на кариерата, туку и приватно.


Извор: buro247.

Објавено:
6 септември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
463 пати