Опра ја интервјуираше Џулија Робертс за Harper’s Bazaar – актерката се качува по карпи во луксузни фустани

12 октомври 2018

Во новото издание на магазинот Harper's Bazaar, Опра ја интервјуира Џулија Робертс, што несомнено како комбинација на две етаблирани дами во шоу бизнисот, предизвика огромно внимание кај јавноста.

Темата на ова издание на Harper's Bazaar е: осмели се, алудирајќи на тоа да се соочиме со нашите стравови. Па надоврзувајќи се на ова, во специјалниот едиторијал што го надополнува интервјуто, Џулија Робертс всушност се соочува со својот страв од висина, качувајќи се по карпи и тоа облечена во патики и луксузни креации од новите „haute couture" колекции на познати дизајнерски имиња. Истовремено, преку овој едиторијал е доловена и идејата како патиките може да бидат во совршен пар со женствените и екстравагантни фустани – мода што се почесто е потенцирана во современите тенденции.

Покрај темата за соочувањето со сопствените стравови, Опра и Џулија ги отвораат и прашањето за магијата на стареењето, за што Џулија која наскоро ќе наполни 51 година, ќе каже дека како старее така се повеќе се претвора во личноста која некогаш сакала да биде.

 

 

Фото извор: Harper's Bazaar

 

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
396 пати