Пет инспиративни стилски икони 50+ омилени на Инстаграм

29 март 2018

Модните блогерки и стилски икони се меѓу најпопуларните ликови на Инстаграм. Она што е клучно за нивната популарност е нивниот оригинален стил, инспиративен за се поширока публика, независно од нивната возраст. Се почесто, на оваа платформа среќаваме неверојатни дами со автентичен имиџ, во нивната средна или трета доба од животот. Нивниот број на Инстаграм е се поголем, а ние издвојуваме пет кои што според бројот на следбеници се меѓу омилените.

Erni Stollberg, @park_wien (96 години)
96 – годишната Erni долги години е регулар модел за австриската модна продавница Park Wien, па не случајно нејзиниот инстаграм профил го носи истиот назив. Урбаниот дух на уличната мода и храбриот, еклектичен стил е нејзин стилски белег.

Renia Jaz, @venswifestyle (52 години)
Иако неполна година е активно присутна на Инстаграм, 52-годишната Renia Jaz благодарение на својот експериментален стил во кој имплементира и парчиња од популарните трендови, стекна голем број следбеници.

Lyn Slater, @iconaccidental (64 години)
За Lyn до сега сме пишувале во повеќе наврати низ нашите содржини и таа веројатно е една од највлијателните и најпопуларни современи стилски икони. Оваа професорка по социологија, пред неколку години стана вистинска модна сензација откако се појави како заштитно лице на Манго.

Lou Kenny, @lou_f_kenny (59 години)
Оваа инструкторка по јога, е препознатлива по нејзиниот смирен и симплифициран стил во хармонија со нејзиниот начин на живот.

Jenny Kee, @jennykeeoz (71 година)
Се работи за австралиска дизајнерка со богата кариера, а нејзини дизајни носела и принцезата Дијана. Денес оваа инспиративна модна икона е препознатлива по ведриот и колоритен стил, аватуристички комбинирајќи различни принтови, бои и дезени.

Извор: Elle, Инстаграм

Објавено:
29 март 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.652 пати