Полска модна блогерка 50+ која ни го украде вниманието

17 септември 2018

„Модата не прашува за возраст" – вака звучи водечката девиза на модниот блог fashion50plus.pl, зад кој стои полската модна блогерка Јага Јаник.

Откако го откривме нејзиниот блог, секојдневно ни го краде вниманието со нејзините фантастични фотографии преку кои ни ја пренесува нејзината неверојатна енергија и став кој вели: не се согласувам со тоа дека жените над 50 години, треба да изгледаат „сиво" и да се чувствуваат старо. Всушност, Јага е се спротивно од тоа.

Нејзиниот стил е автентично олицетворение на урбаната и модерна улична мода. Таа умешно актуелните тенденции ги имплементира во својот препознатлив стил во кој доминира уличнаа естетика со акцент на минималистичкиот дизајн.

Евидентно е дека црната боја и е омилена, но никогаш не дозволува монотонијата да завладее со нејзиниот изглед – па често црните комбинации се разиграни со некој впечатлив масивен накит, колоритна чанта или неконвенционални чевли. Кратката црна коса и очилата и се заштитен знак.

„Јас имам над 50 години и силно верувам во тоа дека секоја возраст има свои „права" и дека во секоја возраст може да бидеме среќни и да се чувствуваме добро. А да се чувствуваме добро, меѓу другото значи и да изгледаме добро. Облека, чевли, чанти и секако обетки – модата ја обожувам откако знам за себе", пишува Јага на својот блог.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
17 септември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.306 пати