Шарлиз Терон блеска во црна креација на Александар Меквин

9 април 2019

Познатата холивудска актерка Шарлиз Терон од неодамна е бринета и изгледа поубаво од кога и да е. Иако навикнавме да ја гледаме со руса коса, оваа промена на актерката ѝ прилега неверојатно добро и дополнително ја истакнува нејзината природна убавина.

Новата боја на коса таа ја промовираше на доделувањето на Оскарите, а со истата се појави и на црвениот килим на премиерата на нејзиниот нов филм Long Shot во Лас Вегас.

За премиерата таа одбра црна креација од ресортот на Александар Меквин, која иако целосно затворена, беше полн погодок.

Станува збор за тесен црн фустан со долги ракави кој постепено се шири надолу, со транспарентни вертикални линии и нитни по површината.

Самата креација е дополнително истакната со впечатливиот ремен на половината, а истата актерката ја комбинираше со високи црни кожени чизми.

Како и секогаш, таа се одлучи за минимална шминка со посебен акцент на очите и црвениот кармин.

Што се однесува до накитот, таа се одлучи за повеќе обетки на едното уво кои беа сосема доволни со оглед на богатите детали што ги имаше самата креација.

Погледнете како изгледа оваа прекрасна 43 годишна актерка во впечатливата креација од познатата модна куќа.

Инфо и фото: Elle.hr, Profimedia

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.300 пати