Шерон Стоун фраерка и во седмата деценија

27 август 2019

Неодамна, исклучителната актерка Шерон Стоун (61) беше фотографирана пред ресторан во Холивуд, во едно опуштено и сосема фраерско издание, а фотографиите вирално се пренесоа низ онлајн медиумскиот простор.

И сите со воодушевување го коментираат нејзиниот изглед, што зрачи со младешки енергија и стил, a е приказ на тоа колку модата може да биде забавна и после 60-та година.

Сè зависи од личната перцепција и видување на самиот себе.

Токму Шерон е дефиниција за тоа дека: патики, милитари панталони и кожена јакна се одлична комбинација и за жена која е во 61-та година од својот живот, ако знае како тоа да го носи, а патем и да ужива.

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
5.038 пати
Тагови: 
Шерон Стоун