Шерон Стоун изгледа совршено во бел комбинезон

18 јули 2019

Во Лос Анџелес вчера се одржа настан по повод стогодишнината од „Women's Brain Health Initiative“. Како некој што поминал низ мозочен удар, актерката одржа и прикладен говор за тоа дека со упорност и храброст се може сè.

Таа исто така се осврна и на улогата на жената во филмската индустрија, тема на која говорела повеќе пати.

Но, она што исто така привлече внимание беше и нејзиниот изглед.

Актерката одбра бел комбинезон кој совршено ја следи линијата на нејзиното тело. Во горниот дел е со отворени раменици и широки раменици, додека пак ногавиците се со блага ѕвонеста форма.

Стајлингот го заокружи со големи златни обетки и алки, како и розова чанта.

Со своите ставови и модни избори, 61-годишната ѕвезда секогаш дава ново светло на тоа како може да изгледа современа жена во седмата деценија и со тоа да биде инспирација, што го потврди и овој пат.

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.182 пати