Шерон Стоун во моќен стајлинг на „Харперс базар“ наградите

6 ноември 2019

Во Мадрид вчера се одржаа годишните „Харперс базар“ наградите. Манифестацијата се одржува трета година по ред, а на вчерашното најголемото внимание отиде кај Шерон Стоун (61).

Актерката дојде во друштво со најстариот син Роан Џозеф Бронштајн (19), а на црвениот килим се појави во моќна комбинација.

Таа се одлучи за црн костим во строг крој. Палтото од едната страна беше збогатено со огромен цвет од органза, што ја направи Шерон уште повпечатлива на настанот.

 

Стајлингот го заокружи со интересни црни чевли.

Инаку, пред настанот, таа е видена низ улиците на Мадрид, а во друштво на ќерката на дизајнерката Каролина Ерера, исто така во стајлинг вреден за внимание.

Бела лежерна кошула, црни панталони во класичен крој, но со навезена монистра на едната ногавица и кратка кожена јакна е стајлингот кој го пофалија и модните стручњаци.

Во двете изданија, Стоун покажа дека изгледа и се чувствува одлично!

 

 

фото извор: dailymail.co.uk; Instagram.com; 

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.234 пати