Шерон Стоун: Во втората половина од животот добивате лице какво што заслужувате

11 март 2019

Прекрасната актерка Шерон Стоун вчера го прослави 61.роденден, а и денеска изгледа подеднакво фантастично како и кога прв пат се појави во неповторливиот „Основен инстинкт“.

Роденденот таа го прослави во кругот на семејството и пријателите, а на фотографиите што ги објавуваше на социјалните мрежи можеше да се види дека навистина ужива.

Токму „Основен инстинкт“ е филмот што ја насочи актерката кон ѕвездите, а по огромниот успех на истиот, ништо не можеше да ја спречи да успее.

Таа имаше привилегии да бира улоги, да се појавува само во најдобри филмски остварувања, да работи со реномирани режисери и да освои бројни награди.

Како што таа ќе изјави во едно интервју, животот не е толку совршен како што изгледа мислејќи на мозочниот удар што го има доживеано од кој за среќа, речиси целосно заздравила.

„Да, имам последици, не знам ни да ви кажам колку, но сепак, јас сум таа што преживеа. Среќна сум што воопшто имав можност да остарам. Затоа, не се плашам ниту од брчките, ниту од животот. Благодарна сум за времето што го оставив зад себе, но и за она што ми е дадено. Можеше да биде многу поинаку“, изјави актерката во една емисија.

Time magazine

За прв пат за мозочниот удар таа проговори во емисијата на Опра и со тоа објасни зошто ја немаше толку долго време на филмското платно. Тогаш актерката се потсети на сè низ што поминала и како успеала да се извлече од целата ситуација.

Таа имала голема среќа што во моментот кога ударот се случи, со неа бил нејзиниот тогашен сопруг Фил Бронштајн кој веднаш ја одвел во болница каде докторите успеале да направат сè за да остане жива.

F Magazine

Актерката се сеќава дека кога се разбудилa докторите ја носеле на итна операција која не се знаело како ќе заврши.

 

„Тоа утро и повторно подарениот живот го променија мојот дотогашен поглед на светот. Сфатив дека никогаш повеќе нема да бидам истата жена и дека секој ден треба да го живеам со полни гради како да ми е последен. Јасно ми е дека морам да се чувам, но не за себе, туку за моите деца“, изјави актерката, инаку мајка на три посвени деца.

Таа ќе каже дека целиот живот имала здравствени проблеми како астма, за малку не настрадала во сообраќајна несреќа, наследила дијабетес, а благодарение на здравиот начин на живот успеала да го преброди и ракот на лимфната жлезда со кој долго се борела.

„Ми одговараат моите години. Јас сум од оние луѓе на кои им годи долгиот рок на траење. Во првата половина од животот имате лице со кое сте се родиле, а во втората половина добивате лице какво што сте заслужиле. Одлучив следните години од мојот живот да бидат најдобрите години од мојот живот“, изјави харизматичната актерка која инаку има коефициент на интелигенција 148. 

Variety

Инфо: Hellomagazin.rs

Објавено:
11 март 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.817 пати