Што носат +40 дамите на улиците во Њујорк?

29 октомври 2018

Град што ги спојува сите различности, како што е Њујорк, секогаш е интересен за анализа на неговата улична мода. Благодарение на неговата разноликост, улиците на Њујорк се секогаш динамични, возбудливи, инспиративни и шарени, од секој аспект, вклучувајќи го и модниот.

Овој пат се фокусиравме на стилот на +40 дамите од уличната мода на Њујорк, кои на есента во оваа метропола и дават дополнителен шарм.

Од неутрлен и кежуал изглед, што вклучува топли, предимензионирани, плетени блузони и шалови, до класичен аутфит со елегантни капути и здолништа, њујорчанките секогаш внимаваат на тоа да ја задржат својата индивидуалност и автентичност.

Од одбраните фотографии ќе забележите и дами кои се охрабрени да експериментираат со принтовите па во својот стил комбинираат животински или геометриски принтови, како и такви кои знаат да направат умешен микс на парчиња со различна стилска естетика, како на пример спој на патики со елегантно здолниште.

Фото извор: 40plusstyle.com, Пинтерест

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.894 пати