Сите фантастични изданија на Кејт Бланшет во Кан

21 мај 2018

По две недели филмски маратон на престижниот Филмски фестивал во Кан, во саботата беше неговото официјално затворање, а главната награда му припадна на филмот „Shoplifters" на јапонскиот режисер Hirokazu Koreeda.

Беспрекорната Кејт Бланшет годинава беше дел од жирито на фестивалот, што дополнително го засили впечатокот и општото воодушевување со секое нејзино појавување на црвениот килим.

Независно дали во официјалниот или неофицијалниот дел на фестивалот, Кејт ја искористи секоја можност на себе да облече фантастични дизајни од повеќе реномирани дизајнерски имиња: Александар Меквин, Армани, Стела Мекартни, Ирис Ван Харпен, Калвин Клајн, Живанши...

Фантастична во секој поглед...

 

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
376 пати