Сите погледи свртени кон Моника Белучи...

23 јануари 2019

На неодамна одржаната ревија на Диор во Париз, за пролетната „haute couture" колекција, присуствуваше кремот на светскиот шоу бизнис.

Меѓу гостите, вниманието особено го привлече прекрсната Моника Белучи.

Иако сама по себе таа секогаш е впечатлива за медиумите, овој пат особено модните критичари ѝ посветија внимание, укажувајќи на вистинскиот избор на стајлинг.

54-годишната актерка, која инаку не соработува со стилист, за оваа прилика одбра елегантен долг капут во загаситa црвена боја, изработен од велур. Струкот дополнително е нагласен со ремен, што дополнително става акцент на нејзината женствена појава. Изгледот е комплетиран со високи чизми и црна чанта од Диор.

 

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.016 пати