Стилот на Амал Клуни како инспирација за есенски деловен аутфит

27 септември 2018

Амал Клуни е деловна жена која откако стапи во брак со актерот Џорџ Клуни, се најде под лупата на јавноста. Токму тоа константно анализирање на нивниот заеднички животен стил, вклучително и на нејзиниот личен имиџ, доведе до општата констатација во медиумите и стручната јавност, дека таа е стилски зрела личност која има прецизна претстава за нејзината појава и за тоа што и ласка на нејзината фигура.

Благодарение на нејзината изострена естетска перцепција, многу пати до сега била посочувана како пример за комплетна жена со силно нагласен индивидуален имиџ.

Со оглед на нејзиниот професионален живот, многу често може да ја видиме во префинети деловни комбинации. Тоа ни случајно не подразбира, строг, монотон, бизнис имиџ – туку напротив, таа направила точна пресметка како во нејзината елегантна деловна појава да внесе доза на шарм и женственост.

Селектиравме неколку исклучително впечатливи, деловни стајлинзи, како инспирација за вашиот есенски бизнис стил.

Објавено:
27 септември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.542 пати