Стилот на Саманта Џонс од „Сексот и градот“

3 април 2018

 Деловна жена во 40-тите, со одличен стил и слободни размислувања кои веројатно многу жени ги имаат, ама стравуваат гласно да ги кажат - вака накратко би изгледал описот на Саманта Џонс, лик од серијата „Сексот и градот“, а кој го толкуваше актерката Ким Картал.

Можеби Кери Бредшо беше ликот што ја одбележа серијата, но Саманта многу бргу стана омилената. На границата помеѓу реалните потреби и промискуитет, таа зборуваше за нешта што важеа за табу. 

Покрај стилот на Кери Бредшо и темите кои ги наметнуваше Саманта, нејзиниот стил беше ставен во втор план, барем од страна на гледачите.

Но, тоа не значи дека беше лош. Напротив. Саманта беше одраз на модерна деловна жена, кралица на костимите и оделата, кои денеска се апсолутен хит. Не стравуваше да го покаже својот сексапил и да внесе боја во тмурното секојдневие.

Во продолжение се потпсетуваме на дел од најдобрите изданија на Саманта, а кои и денеска можат да бидат инспирација за жените:

Ова што е денес вистински моден хит, го гледате на фотографијата од серијата. Долго палто со дворедно закопчување, панталони во иста нијанса со палтото, еднобојни обетки и ѕвезда како брош - Саманта дефинитивно знаеше како да привлече внимание.

 

Комплетно бела комбинација со модни додатоци во златна боја - одраз на одважност, софистицираност и моќ! Стајлинг што лесно може да се пренесе во денешно време. 

 

Уште една варијација на темата деловен впечатлив стил. Бело одело и црвена маица во комбинација со со златен накит, Саманта секогаш чекори на границата помеѓу софистицираност и смелост, но никогаш не ја преминува и не оди на страната на невкусот.

 

Палто со асиметричен израз и ремен на половина? Може! Интензивната боја е добредојдена. Барем кога е модата во прашање, напуштете го стравот.

 

Монохроматските изданија се добредојдени, особено ако ги имаме предвид актуелните тенденции. 

 

Црвен фустан со V-израз кој ќе ги истакне на вистински начин вашите облини и нема да премине во вулгарност и впечатлив ѓердан - сексапил кој му одолева на времето.

 

А кога сме кај сексапилот и вечерните комбинации, ова е уште еден пример како можете да вметнете провокативни елементи во вашиот изглед, а да не изгледате вулгарно. Доколку грбот не ви е во идеална форма, не мора да биде толку отворен, приспособете го на вашето тело и лично чувство. 

 

Црн фустан+впечатлива јакна+чизми до глужд - немаме што да додадеме.

 

Шеширите се секогаш дамски моден детаљ. Овој е тотално во стилот на Саманта и тешко приспособлив на нашето секојдневие, но е добар за инспирација за тоа како може да го имплементирате во изгледот, особено во оваа сезона пролет-лето.

 

Тесен коктел фустан и чанта со принт - зошто да не? Низ нејзините комбинации, забележувате, ременот е моден додаток број еден. Да, одличен е за истакнување на половината и тргање на погледот од работите што на пример би сакале да ги сокриеме, но во исто време, треба да бидете внимателни дали ваквиот моден додаток ќе одговара на вашата конструкција на тело, бидејќи многу лесно може да создадете контра-ефект.

Уште еден пример со ременот, како впечатлив моден додаток.

 

 

Блуза или фустан со ваков израз во пределот на деколтето ќе ви ја даде совршената доза на провокативност и смелост. 

На крајот, ако подобро ги погледнете сите фотографии од Саманта Џонс и нејзините комбинации, ќе забележите дека на сите има еден клучен моден додаток (освен ременот :) ) - самодовербата. Жената на која што ѝ е удобно во своја кожа, ќе умее да носи сè што ќе облече. 

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.306 пати