Тајра Бенкс изгледа фантастично во тесен жолто-златен фустан

16 август 2018

Тајра Бенкс е новиот водител на „Америка има талент“. Првата епизода во живо се одржа вчера, а поранешната моделка изгледаше спектакуларно. 

Таа се појави во жолто-златен фустан кој ја следи линијата на телото. Со набори во среднишниот дел и нагласените раменици, комплетно покриена, Бенкс покажа колку секси може да се изгледа и кога кожата е сосема покриена и на било која возраст.

Инаку, фустанот е од „Стело“, а го искомбинира со чевли во златна нијанса и впечатлив накит.

За впечатливоста придонесе и нејзината бујна коса и прекрасните очи. Погледнете:

Објавено:
16 август 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
524 пати
Извор: 
daily mail