Тина Тарнер во елегантно издание на премиера на мјузиклот за нејзиниот живот

19 април 2018

Познатата пејачка Тина Тарнер веќе осум години е надвор од јавниот свет. Живее во Швајцарија со својот сопруг, продуцентот Ервин Бах и ужива во смирениот живот.

Сепак, премиерата на мјузиклот за нејзиниот живот, насловен едноставно како „Тина“, која се случи завчера во Лондон, беше повеќе од добар повод да отстапи од својата одлука и да се појави.

Пејачката во својата 78-година изгледа одлично. На црвениот килим се појави во црно елегантно одело, а го искомбинира со сребрени чевли и мрежести ракавици. Со својот младешки изглед и енергија, изгледа како да е замрзната во времето.

Инаку, во мјузиклот, Едриан Ворен ја толкува Тина, за што имала помош и од самата пејачка. 

Режисер на мјузиклот е Филида Лојд, режисерка и на мјузиклот „Мама Мија“, а ќе биде прикажан целиот нејзин живот, од почетоците, до пензионирањето.

Инаку, животот на Тина и претходно бил инспирација, па во 1993 беше прикажан биографскиот филм „What's Love Got to Do With It“, а главната улога тогаш ја имаше Анџела Басет.

Во 1995 година пак, пејачката се појави во Лондон на премиерата на филмот „Goldeneye“, во речиси идентична комбинација, а токму и по тоа ќе видите дека за неа годините се навистина само број.

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.123 пати