Улична мода 40+: дефинираниот стил и самодовербата во фокусот

17 јуни 2019

Кога ќе се спојат искуството, изградениот стил, изострениот естетски сенс и самодовербата, резулатот е бескомпромисен имиџ што е огледало на личноста.

Токму таква е и уличната мода кога ќе се земат во предвид дамите 40+.

Во средовечната доба од својот живот, тие се свесни за сите свои предности и недостатоци и немаат никаков проблем со тоа, напротив сфатиле дека индивдуалноста е привилегија на секоја од нас.

Затоа и нивниот изграден животен стил одразен и преку нивниот визуелен имиџ, е секогаш интригантен и впечатлив – кај овие дами нема да видите копија на куклите од излозите, затоа што наместо да им робуваат на трендовите, тие тенденциите ги користат само кога е во прилог на нивниот веќе комплетно изграден стил.

Затоа уличната мода што ги вклучува дамте 40+, е секогаш возбудлива и инспиративна.

 

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
5.500 пати
Тагови: 
улична мода 40+