Улична мода 50+: Блескаме затоа што сме задоволни со себе!

4 октомври 2019

Погледнете ги овие жени, голем дел од нив и во шестата деценија од животот... Блескаат!

Не само поради тоа што знаат како да се облечат, а тоа да не биде банално копирање на трендовите, туку блескаат одвнатре, невербално кажувајќи: да, задоволни сме со себе!

Веројатно ќе речете, па добро, живеат во средина која е растеретена од сите стресови со кои ние овде, во ова наше мало, затворено и монотоно општество, секојдневно се соочуваме, а тоа нè ограничува во остварување на идеалната верзија на себе.

Но, можеби дежурниот виновник не е само опкружувањето околу нас, туку многу поблиску, во нашиот микрокосмос, нашите внатрешни стравови.

Страв да не отстапуваме од стандардот, страв да не се одделиме од мнозинството, страв да не нè прокоментираат, страв од тоа како другите нè гледаат, заборавајќи да уживаме во сопственото друштво.
За зрелите жени ваквото размислување не е карактеристика, напротив самодовербата би требало да биде главен адут, што меѓу другото лесно ќе се прочита и по визуелниот стил.

Затоа како пример ги посочуваме овие дами од улиците низ светските метрополи, што не значи дека ваквите дами што пленат со својата автентичност ги нема и кај нас, но сакаме да ги гледаме многу почесто.

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.164 пати
Тагови: 
улична мода 50+