Улична мода со 40+ дамите

21 февруари 2019

Освен на писта, преку колекциите на дизајнерите, инспирацијата може да се бара и во уличната мода. Овој пат вниманието го насочуваме кон дамите 40+.

Веќе одамна модата не познава граници, но сега таа борба е уште поизразена. Примерите што ќе ги видите во продолжение ќе ви посочат само дека клишето како дамите после 40-тата се класични, модно неинтересни, уште помалку стари, е разбиено. 

Фотографиите во продолжение го посочуваат токму спротивното дека овие дами можат да бидат модерни, забавни и модно и тоа како инспиративни.

Со оглед на тоа дека имаат изграден став за себе, оформен моден вкус, тие не стравуваат од боја, текстура, нешто поинаков крој.

Од деловен стајлинг, преку еклектични комбинации, оние со спортска нота, до елегантни и женствени, овие дами можат да изнесат сè.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и инспирирајте се!

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.624 пати